Ова се неколкуте најубави градини во светот кои, доколку би имале можност, задолжително треба да ги посетите.
1. Kew Gardens во Лондон
Оваа градина за првпат се појавува во 1759 година, кога принцезата Августа на својот посед од 3,6 хектари започнала да одлгедува најразлични растенија. Денес, оваа импресивна градина се протега на површина од 132 хектари и во неа се застапени повеќе од 50.000 различни видови растенија. Над градината се наоѓа Kew Palace, а на посетителите им е потребно цел ден за да може да разлгедаат сè што поседува ова неверојатно место.
2. Keukenhof Gardens во Холандија
Keukenhof Gardens е една од најубавите пролетни градини во светот. Во неа се засадени над седум милиони лалиња, нарциси и зумбули, и тие зафаќаат површина од 32 хектари. Туристите истовремено може да уживаат во дел од рестораните или кафе-баровите сместени таму или пак да уживаат во пејзажот возејќи се со чамец или велосипед.
3. Suan Nong Nooch во Тајланд
За првпат отворена во 1980 година, оваа градина претставува место каде што може да се сретнат најразновидни видови на палми и има најголем избор на орхидеи. Домаќините често одржуваат различни настани за анимација на посетителите.
4. Versailles Gardens во Франција
Францускиот крал Луис XIV е основач на градината во 1661 година. Тој во овој свој проект ги вклучил најдобрите архитекти, планери и дизајнери со цел да направи нешто што ќе остане засекогаш, а тоа и го постигнал бидејќи оваа градина претставува една од најпрекрасните градини во светот.
5.Butchart Gardens во Канада
Оваа градина е дизајнирана од Robert Pim Butchart, а огромниот проект започнал најпрво само со уредување на неговиот двор за подоцна да се прошири на поголема површина.
6. Desert Botanical Gardens во Аризона
Оваа пустинска градина е карактеристична по тоа што во неа може да се сретнат голем дел колекции на различни уникатни растенија, односно околу 17.000 пустински растенија. Во нејзин склоп се наоѓаат лабаратории, библиотеки, центри за истражување и конзервација на растенија.