Насловна / Вести / Фестивал за хигиенски дизајн и храна во Охрид

Фестивал за хигиенски дизајн и храна во Охрид

higienski dizajn i hrana

Консалтинг и тренинг центар „КЛУЧ“, седиште на Mакедонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) од 27 до 29 мај, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи Фестивалот за хигиенски дизајн и храна (www.keyevent.org).
На настанот ќе присуствуваат научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци кои работат во областите на: производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија, во светот.
Компаниите од прехранбената индустрија и производителите на опрема за прехранбена индустрија ќе можат да ги претстават своите производи и услуги во изложбениот простор. Исто така, тие ќе имаат можност да учествуваат на Брокерски настани, (тете-а-тете) состаноци помеѓу научни организации/истражувачки институции/компании/индивидуалци, а со цел да се воспостави бизнис соработка, да се создадат нови конзорциуми и партнерства за аплицирање на европски проекти. Темите кои ќе бидат опфатени на настанот се од областите на хигиенско инженерство и дизајн и квалитет и безбедност на храна и ќе бидат во форма на орални и постер презентации.
Научните и стручните трудови на учесницитеќе бидат објавени во Journal of Hygienic Engineering and Design – JHED (www.jhed.mk).
Поздравни говори ќе имаат: Лудвиг Јозефсберг – претседател на Европската групација и директор на ТЕТРАТАК од Шведска, Ванчо Каргов – претседател на Советот на инспектори на РМ, Абдулезел Догани – заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Сашо Коруновски – декан на факултетот за туризам и угостителство, Владимир Какуринов – извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ.
Овој настан се одвива во соработка со: Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), Иницијативата за глобална хармонизација (GHI), Агенција за храна и ветеринарство и Агенција за поддршка на претприемништвото во РМ.

Испрати коментар

Scroll To Top