Во организација на Друштвото на термичари на Србија, од 24 до 27 јуни на Златибор ќе се одржи петтата регионална конференција „Индустриска енергетика и заштита на животната средина во земјите од Југоисточна Европа“ (IEEP), на која ќе бидат презентирани бројни трудови од областа на енергетската политика на земјите во регионот, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, еколошки теми со акцент на протоколот Кјото и сл. Ќе се разговара и за имплементираните проекти од овие области, при што ќе се посочат примерите на добра практика.