Големината на апартманите не е секогаш важна, па така и малите станови можат да ги задоволат естетските и функционалните потреби на едно семејство.
Најчесто, ваквите мали апартмани се наменети за млади луѓе, млади брачни двојки или брачни двојки со новороднче. Ви претставуваме еден ваков апартман кој не надминува 50 м2.
Овој апартман се развива на површина од 49,8 м2, но на прв поглед тој не изгледа така мал. За ваквиот впечаток во секој случај придонесува високиот плафон кој го следи кровот.
Овој апартман е наменет за млад брачен пар, и тие во овој апартман го чувствуваат целиосниот комодитет на просторот.
Овој простор се одликува со употреба на дрвени елементи кои му даваат една пријатна топла атмосфера на неговата внатрешност, па така корисниците ќе можат да уживаат во него во следните години.