Данскиот дизајнер Jeppe Hein, на изложбата на отворено во Њујорк, се претстави со својата колекција „Please Touch the Art“ составена од 18 индивидуални инсталации, меѓу кои се иновативни клупи за седење и различни конструкции од стакло. Инталациите се распоредени на површина од 35 хектари во Brooklyn Bridge Park па се до East River. Изложбата е финансирана од невладина организација во Њујорк за поддржување на уметноста, Public Art Fund.
Самата поставка на изложбата ги поттикнува посетителите на паркот да бидат во интеракција со инсталациите, за разлика од изложбите што се случуваат во музеите кога посетителите ги набљудуваат уметничките дела од дистанца.
Инсталацијата од стакло е изработена од вертикални парчиња со различна висина, во кои се рефлектира њујоршката околина и пејзаж.