Во последниве години француската архитектка и авторка Emmanuelle Moureaux дизајнирала неколку деловни подружници на банката Sugamo Shinkin во Јапонија, но со последниот примерок се надминала себеси.
Sugamo Shinkin Bank е се само не просечна банка, и тоа најмногу откако во нејзиниот дизајн учествува оваа француска дизајнерка и уметница со адреса во Токио.
По неколку мошне успешни соработки со наведената банка, Emmanuelle Moureaux уште еднаш ги завиткала ракавите, а резултатот е новиот проект кој воопшто не е сличен на досегашните.
Објектот обоен со светли бои во правилна геометриска игра, со својот необичен и разигран дизајн создава чувство на радост како во квартот така и во однос на сериозната атмосфера во банкарскиот свет.