Португалскиот бренд кој се занимава со дизајнирање на луксузни опреми за бањи, Maison Valentina, познат е по своите оригинално дизајнирани кади.
Еден од новите и спектакуларни нивни производи е оригиналната Koi када. Овој дизајн црпи инспирација од Koi риби и јапонскиот збор за љубов. Кадата ја красат метални „крлушки“ во форма на транспарентни шаблони, и создаваат ефект на леснотија и впечаток на некогашните антички железни кади. Со интересните елементи, оваа када може да биде украс на луксузно декорирана бања.