Дизајнерите од компанијата Bold Tuesday создадоа аналогна верзија на апликација која ги „зачувува“ земјите што сте ги посетиле. Ваквиот производ, кој воедно претставува еден вид уметничка репрезентација на вашиот пасош, може да биде закачен на ѕидот во вашиот дом. Изработен е од црн винил во мат верзија на бела основа, на која се означени границите на секоја земја. Секоја од дестинациите по нејзината посета се одлепува од самиот производ, со што останува бела основа.