Фирмата за изнајмување апартмани за привремен престој „Airbnb“, го претстави својот најнов пловечки имот во Лондон на реката Темза. Објектот има вкупна висина од осум метри и тежи 70 тони, а планот се состои од две спални соби, дневна соба, бања и градина со вистинска трева, куќарка за куче и јаболкница насадена на самото земјиште. Идејата на ваквото престојувалиште е да понуди различни доживувања и перспективи на градот бидејќи не е стационирано на едно место.