Насловна / Вести / Тркалезна маса за културното наследство и природно богатство на Македонија

Тркалезна маса за културното наследство и природно богатство на Македонија

terakoti kulturno nasledstvo

Тркалезна маса на тема „Културното наследство и природно богатство на Република Македонија“ ќе се одржи денеска во организација на Здружението „Аминта“.

На тркалезната маса е најавено учество на стручни лица и професори од оваа област.

„Република Македонија е една од ретките земји на Балканот и во светот која изобилува со културно наследство. Тоа сè повеќе e предмет на истражување од различен аспект на историјата, културата, политиката и други научни гранки. Но, за жал, во исто време е предмет и на континуирано уништување, зачестено исчезнување на артефакти, несоодветна грижа. Со оваа тркалезна маса сакаме да придонесеме културното наследство да добие статус на почитуван дел од целокупната култура на Република Македонија“, соопшти Здружението „Аминта“.

Испрати коментар

Scroll To Top