Во периодот од 14 мај до 12 јули, во лондонската галерија Michael Hoppen е отворена изложба на серија фотографии насловена Frida by Ishiuchi Miyako.
Јапонскиот фотограф Ishiuchi Miyako пред десет години, за време на неговата посета на музејот на Фрида Кало во квартот Coyacan каде што живеела во Мексико Сити, успеа да направи серија фотографии на нејзините лични предмети. Фрида Кало почина во 1954 година, а нејзиниот сопруг Диего Ривера во бањата од нивниот дом во кој тие живееле, т.н. „Сина куќа“, ги ставил под клуч нејзините бројни лични предмети. Наредил дека може да се видат 15 години по неговата смрт. Така, предметите на познатата мексиканска сликарка биле затворени сè до 2004 година, кога Ishiuchi Miyako успеал да ги фотографира.
Ова е изложба за нејзините лични и сакани предмети, од очила до рачно насликани корсети.
Фрида Кало секогаш со посебно внимание и почит постапувала со своите предмети, сликајќи ги и внесувајќи мистична симболика во нив преку своите илустрации.
Самиот фотограф Ishiuchi Miyako за изложбата изјавил: „Фрида секогаш го привлекувала вниманието со својата необичност, но, исто така, покажувала интерес и за комерцијалната страна на својот живот, што за мене беше голема инспирација“.