Португалското архитектонско студио Moradavaga изгради кула покриена со лимени конзерви кои може да ротираат со цел да создадат пикселирани пораки. Оваа инсталација е изработена како дел од проектот Locomotiva, којшто има за цел да ги трансформира старите и напуштени паркиралишта во историскиот дел на станицата Sao Bento во современи јавни простори. Инсталацијата е наречена Vira-lata и претставува кула со скали и платформи, истовремено функционирајќи како нова пристапна патека помеѓу плоштадот и поткачената улица.