Насловна / Вести / Консензусот за климата и понатаму неизвесен

Консензусот за климата и понатаму неизвесен

Samit za klimata pariz

Во пресрет на конференцијата на ОН за заштита на климата во Париз, и понатаму има низа отворени прашања. Но има и некои добри вести. Канада ги објави своите цели за намалување на емисиите, при што се обврза во следните 15 години да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 30%, но сметајќи во однос на 2005-та како референтна година. Иако, генерално, се зема подолг временски период, Канада тврди дека има значителен економски раст и дека оваа цел е достижна. Можеби процентот се чини преголем, но на годишно ниво се работи за намалување од 1,7%, додека САД и ЕУ се обврзаа на намалување на емисијата за дури 2,8% на годишно ниво. Досега, иако формално, на намалување на емисиите се обврзаа уште само Русија, Норвешка, Мексико, Лихтенштајн, Андора и Швајцарија, а донекаде и Јапонија.

Samit za klimata pariz zagaduvanje
Меѓутоа, искуството од досегашните конференции за климата кажува дека е многу поедноставно земјите најпрво начелно  да се договорат, но подоцна тешко се усогласуваат во врска со конкретните мерки кои значат дополнителни трошоци за националната индустрија и граѓаните. Начелно е прифатено развиените земји да им помогнат на неразвиените да го постигнат бараното намалување на емисијата. А колку треба да изнесува оваа помош – тоа е прашање чиј одговор е сè уште многу далеку.

Samit za klimata pariz1
Најголем проблем останува Кина, најголемиот производител на јаглерод диоксид во светот. И покрај промената во размислувањето за намалување на емисијата на јаглерод диоксид во оваа земја, и понатаму не е на повидок договор со Кина во врска со конкретна акција во оваа насока.

Конференцијата на ОН за климатските промени, 21-ва по ред, ќе се одржи во Париз од 30 ноември до 11 декември 2015-та.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top