Кон крајот на овој месец, во Хрватска ќе биде објавен јавен повик за граѓаните за субвенционирање при купување енергетски ефикасни апарати за домаќинство. Програмата за субвенционирање се спроведува преку Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност (FZOEU). Висината на субвенциите е скоро 100 евра по апарат. Притоа, со субвенционирањето се опфатени фрижидери, машини за перење и сушење алишта, како и машини за миење садови, а единствениот услов е апаратот да биде во A+++ енергетска класа, односно да е најефикасен во потрошувачката на електрична енергија и вода. Субвенционирањето не важи за тргување преку Интернет.