Многу ретко можеме да видиме кујнски елементи во кои се вградени светлечки тела и така тие да го осветлуваат кујнскиот простор.
Од германската компанија Leicht, умешно ги употребуваат лед-диодите, кои задскриени светејќи во материјали кои ја рефлектираат светлината ги задоволуваат естетските потреби за еден кујнски простор.
Од Leicht се спремни да експериментираат со похрабра употреба на бои, било да се работи за бојата на елементите или пак за бојата на заднината на која се поставени овие елементи.
Во секој случај, овие кујнски елементи се карактеристични и создаваат простори кои се уникатни по својата структура.