Овој имот се наоѓа во непосредна близина на бројни вили на познати актери во престижниот дел од Хемптонс, на кратко растојание од Њујорк. Имотот бил изграден во 1902 година и од тогаш поминал низ повеќе процеси на реновирање и проширување. Сега, овој софистициран имот со поглед на вода, кој се состои од три одделни парцели, зафаќа импресивни 6,30 хектари, има свое приватно пристаниште и простор за тениски терен. Главниот дел од имотот е централата куќа, односно вила со име Strongheart.
Главната вила има официјална дневна соба и трпезарија, гастрономска кујна, бројни простори за лежерна релаксација и забава, како и голем број на камини. Нејзините тремови се долж целите нејзини линии, така што тие се идеални за релаксација во текот на целиот ден.
На овој имот има две комплетно реновирани куќи за гости, со вкупно 12 спални соби и 12 бањи. Исто така, тука има неколку гаражи, теретана и кошаркарско игралиште.
Овој извонредно убав имот има голем загреан базен со поглед на заливот и камени градини. Убави тревници, бујни градини и камини на отворено се само некои од добрата што го прават овој имот спектакуларен.
Цената на овој имот кој е во сопственост на Ричард Гир е 47,5 милиони долари.