Лоциран во паркот Greenbank во Сингапур, овој ентериер со тропски карактеристики претставува простор со современ дизајн во кој се става акцент на природната околина. Целокупниот дизајн на апартманот е на архитектонското студио HYLA Architects и зафаќа површина од 520 метри квадратни. Ентериерот е акцентиран со уникатни елементи, особено во централниот двор, со употреба на природни материјали како што се дрвените панели.
Најкарактеристичен елемент во овој апартман претставува импресивниот внатрешен двор. Тој има двојна катна висина, што придонесува да се ужива во него од речиси секоја просторија во домот и истовремено овозможува поголемо количество дневна светлина.