Главен комунален проблем на Кичево, на чие решавање ќе се
работи во текот на 2009 година е водоснабдувањето, односно намалувањето на
загубите на вода од водоснабдителниот систем во градот и населените места.
– Со поставување на специјален хидрауличен пловак – затворач
на главниот резервоар за вода сметаме дека потребите за вода од
водоснабдителниот систем “Студенчица# ќе бидат намалени за 30 отсто, истакна
директорот на ЈП “Комуналец” од Кичево, Бранко Ѓоргиоски презентирајќи ги приоритетите на
претпријатието за наредната година.