Екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве интензивно работат на уредување на пешачката зона по целата должна на булевар „Туристичка“, пишува OhridNews.
Од двете страни на булеварот, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се расчистуваат одливните шахти. Ангажирани се шест општи комунални работници, а активностите ќе се одвиваат етапно во следните три дена, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.