Насловна / Екологија / Какви енергетски проекти поддржува ЕУ во Западен Балкан?

Какви енергетски проекти поддржува ЕУ во Западен Балкан?

Невладините организации од регионот изразија сериозна загриженост за листата со 35 приоритетни  енергетски проекти, усвоени од страна на Енергетската заедница минатиот месец на состанокот одржан во Белград.  Одлуката на ЕУ да ги поддржи проектите кои се во спротивност со целите на ЕУ во врска со животната средина, претставува  сериозен удар врз декларираните политики за одржлив развој, истакнуваат претставниците на невладиниот сектор. Тие сметаат дека повеќето од овие проекти имаат негативно влијание врз животната средина и негативно социјално влијание.  Развојот и имплементацијата на избраните проекти ќе биде приоритет во наредните години, а  истите треба да бидат финансирани од страна на ЕБРД и ЕИБ. Проблематично е што некои од проектите се насочени исклучиво кон извозот на електрична енергија, додека пак други ја зацврстуваат зависноста на регионот од јагленот како гориво.

Како најконтроверзни проекти се издвојуваат:

Хидроцентралите Дабар и Дубровник 2 (БиХ и Хрватска)
Изградбата на овие хидроцентрали ќе го загрози земјоделското производство во зафатениот регион, ќе предизвика пресушување на заштитеното мочуриште Хутово Блато, едно од најголемите живеалишта на птици преселници на Балканот.
Neretva_at_Mostar2

Термоцентралата на лигнит Колубара Б (Србија)
Новата термоцентрала ќе произведе емисија на дополнителни 1000 000 t  јаглерод диоксид годишно.
kolubra

Парк на ветерни електрани – Dajc – Velipojë (Албанија)
Лоциран е во близина на Скадарското езеро, и не е наменет за задоволување на домашните потреби од енергија, туку за извоз во Италија.dajc

Далековод  Плевља – Ластва (Црна Гора, Италија)
Далеководот треба да се приклучи на подводниот енергетски кабел помеѓу Италија и Црна Гора, што ќе има сериозно влијание врз животната средина. Проектот е исклучиво ориентиран на извозот на електрична енергија.
pletva

Извор: energis.ba

Испрати коментар

Scroll To Top