Од местото од коешто многумина би избегале поради стариот и руиниран изглед, архитектонското студио Bright Common виде предизвик и можност да го трансформира во еко-пријателска околина. Поранешната фабрика во градот Fishtown, тие ја претворија во современо место за живеење и работа со обновливи извори на енергија како што се соларни панели и различни тела кои заштедуваат вода при нивно користење.
Објектот што е стар од 1880 година, сега е трансформиран во дом за живеење и простории за работа кои ги користат фотографите Jaime Alvarez и Leah Shepperd. Индустрискиот карактер на објектот е прикажан преку зачувување на оригиналната тула и еден оригинален дел зачуван од претходно постоечкиот лифт поставен на ѕидот како модерна инсталација.