Насловна / Вести / Соларната велосипедска патека во Амстердам ги надмина очекувањата

Соларната велосипедска патека во Амстердам ги надмина очекувањата

velosipedska pateka so fotonaponski kelii2

Велосипедската патека во Амстердам направена од фотоволтаични панели, а за која веќе пишувавме претходно, произведува повеќе електрична енергија отколку што првично проектираа стручњаците. Патеката долга над 60 метри, направена е во 2014 година од фотоволтаични панели, гума, стакло и бетон.

velosipedska pateka so fotonaponski kelii1

Во првите шест месеци патеката произвела над 3.000 kWh електрична енергија, што би било доволно за потребите на едно домаќинство во текот на една година. Холандската компанија SolaRoad, која ја изработи оваа патека тврди дека може да бидат произведени 70 kWh/m2 електрична енергија на годишно ниво.

solaroad-elementengelegd

Тоа создава можност за напојување и на уличното осветлување или пак вишокот произведена енергија да се испорачува на мрежа. SolaRoad ќе продолжи со понатамошна проверка на користените материјали, со цел уште повеќе да ја подобри водоотпорноста и енергетската ефикасност, па се надева дека оваа иновација наскоро ќе ја примени и кај многу поголеми површини.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top