Општина Штип денес започна со асфалтирање на две улици, „Вита Поп-Јорданова“ и „Џемал Бједиќ“ а во текот на неделата се очекува асфалт и на улицата „Сремски Фронт“.
За улицата „Џемал Бједиќ“ се издвоени 950.000 денари, додека за „Вита Поп Јорданова“ 1,8 милиони денари. Половина од оваа улица добива асфалт а на другата половина ќе бидат прередени коцките како траен и квалитетен материјал.
Завршени се подготвителните работи за асфалтирање и на улицата „Сремски фронт“ од кружниот тек кај некогашен „Базалт“ па се до спојот во населбата Дузлак и Баби. Отстранет е стариот слој на асфалт и се очекува набрзо во рок од неколку дена да се асфалтира и оваа улица. Ова е една од подолгите и поглавни сообраќајници во градот. Ќе се асфалтираат околу 1,5 километри, а сообраќајницата е со широчина од 7 метри. Асфалтирањето, според тендерската постапка ќе го врши фирмата „Ескаватори МК“ од Скопје која понудила најниска цена за улицата од 4,4 милиони денари.