Насловна / Архитектура / Австрискиот павилјон на Milan Expo 2015 продуцира кислород за 1800 луѓе на час

Австрискиот павилјон на Milan Expo 2015 продуцира кислород за 1800 луѓе на час

Сместена на површина од само 560 метри квадратни, Австрија се претстави на саемот Milan Expo 2015 со минијатурна шума под името „Team, Breathe, Austria“. Павилјонот ги нагласува свежата и висококвалитетна алпска клима во Австрија и исто така значењето на кислородот, како дел од овогодишната тема на саемот „Feeding the Planet, Energy for Life“.

австрија-1 австрија-2 австрија-3

Австрискиот павилјон продуцира кислород за 1800 луѓе на час, односно околу 62,5 килограми свеж кислород секој час. Бујната вегетација користи  евапотранспирација со цел да создаде микроклима, па поради тоа не се потребни дополнителни клими за ладење на просторот. Структурата на павилјонот е изработена од дрвена рамка.

австрија-4 австрија-5 австрија-6 австрија-7 австрија-8 австрија-9 австрија-10 австрија-11

Испрати коментар

Scroll To Top