Новотворената уметничка галерија Jumex во Мексико Сити презентира селекција на парчиња од колекцијата Jumex, асемблаж од повеќе од 2000 уметнички дела од современи артисти како Jeff Koons, Olafur Eliasson, Tacita Dean вклучувајќи ги и мексиканските артисти Abraham Cruzvillegas и García Torres.
Лондонското студио David Chipperfield Architects во соработка со локалното студио TAAU се креатори на новиот дизајн за музејот, кој вклучува бетонски ѕидови во комбинација со локален бел травертин, како и назабена кровна покривка која обезбедува зенитално природно осветлување во горните галерии.
Базата на структурата е носена од 14 столбови, овозможувајќи приземјето без никакви бариери да се отвора кон пристапниот плоштад.
Новиот музејски објект отвора можности за двојно поголем изложбен простор во однос на веќе постоечкиот и се наоѓа во индустрискиот дистрикт Nuevo Polanco.
Според архитектите, изразот на структурата како слободностоечки павилјон кореспондира со еклектичната природа на објектите од непосредното опкружување.