Насловна / Вести / Изградба на современа автобуска станица во Охрид

Изградба на современа автобуска станица во Охрид

ohrid avtobuska stanica

Претставници на Општина Охрид и на транспортната компанија и туристичка агенција „Делфина Турс“ од Скопје, денеска го потпишаа договорот за изградба на современа автобуска станица во Охрид.

Транспортната компанија и туристичка агенција „Делфина Турс“ од Скопје стана сопственик на градежната парцела со вкупна површина од околу 12 000 метри квадратни, каде што ќе се гради новата современа автобуска станица. Почетната цена изнесуваше 3 170 денари, а на јавната аукција беше достигната цена од 3487 денари. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, инвестиоторот „Делфина Турс“ на сметка на општина Охрид веќе го уплатил полниот износ од 41. 833 540 денари на сметка на општината.

– Според огласот, инвеститорот има обврска да обезбеди одобрение за градба во рок не поголем од една година а во период од две до четири години ќе треба комплетно да го реализира проектот односно да ја изгради автобуската станица и да ја стави во функција. Објектот е предвидено да има приземје плус четири ката и поткровје и веднаш по солемнизацијата на договорот што го потпишуваме денес, инвеститорот ќе има обврска да изработи архитектонско-урбанистички проект со којшто ќе бидат дефинирани сите намени во градежната површина за изградба на автобуската станица и други придружни објекти, така како што е планирано во огласот што беше претходно објавен, – рече Бакрачески.

Осумдесет проценти од средствата  што ги уплати инвеститорот „Делфина Турс“ одат на сметка на општината, а 20 отсто на сметка на Министерството за транспорт и врски, односно Владата на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top