Вибрациите предизвикани од динамички
побуди, пособено
од земјотресните, се тема на книгата “Специјални тематски подрачја од динамика на конструкции”, на професорот по земјотресно инженерство и динамика на конструкции Трифун Паскалов, неодамна промовирана во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Оваа книга објавена на англиски јазик со оригинален наслов “Advanced Topics on Structural Dynamics”, според еден од рецензентите, професор д-р
Љубомир Ташковски, претставува новина во публикуваните книги кај нас, па и пошироко во регионот.