Насловна / Вести / Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен палат

Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен палат

jovan bigorski

Во манастирот „Свети Јован Бигорски“ осветени се новоизградениот конак Источен палат и возобновениот конак Горни палат.
На свечениот чин на осветување на конаците присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
По неполни шест годни од големиот пожар во 2009 година, бигорското светилиште на свети Јован Крстител најпосле го дочека мигот на свеченото осветување на новоизградениот конак Источен палат, како и на возобновениот Горни палат.
На корисна површина од 7600 м2, колку што зафаќаат Источен и Горни палат, распоредени се педесетина монашки ќелии, магерницата, големата трпезарија, галеријата со икони, подрумските простории, великиот и малиот синодикон, гостинскиот архондарик, манастирската амбуланта, прекрасната книгохранителница, манастирската кула и други функционални простори.

Испрати коментар

Scroll To Top