Во продолжение ви претставуваме уште едно од низата одлични решенија на архитектонскиот тим од московското архитектонско студио на Александра Федорова.
Оваа куќа на својата фасадна обработка обилно употребува дрво кое одлично се вклопува во целата композиција.
Така оваа дрвена обработка е природен дел од извонредното зелено опкружување.
Покрај главниот кубус во кој се сместени кујната, трпезаријата, тоалетите, спалните соби и двовисинскиот простор резервиран за дневен престој, постои уште еден кубус во кој е сместен затворениот базен.
Од терасата над овој базен се пружа глетка кон околината од која запира здивот, а истовремено од тука може да се набљудуваат и ѕвездите со телескоп кој е елемент предвиден да стои на терасата.
Imaat i rusite mnogu kvalitetna moderna arhitektura. Vo ovoj prikaz sepak nedostasuva mestopolozbata na objektot, kako informacija.