Во Прилеп во тек е реконструкција на големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Комплетното внатрешно реновирање се состои од претапацирање на 600 седишта, промена на подот, бојадисување на ѕидовите, уредување на сцената и нов систем за затоплување, информираат од општината.
Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 900 метри квадратни. Средствата за реновирањето на салата, што се врши по 36 години од изградбата на објектот, ги обезбеди Министерството за култура.
Реновирањето го врши фирмата „ДЕНИ компани“ и наскоро треба да заврши, а вкупната сума е околу три милиони денари, велат од ЦК „Марко Цепенков“.