На територија на општина Кисела Вода започна акција за крпење ударни дупки. Активностите почнаа во населбата Драчево, каде е планирано е да бидат опфатени улиците „Киро Фетак”, „Антон Димитров”, „Иван Хаџи Николов”, „Бранко Заревски”, „Скендербег Кастриот”, „Жифко Фирфов”, „Славка Динкова”, „Таки Даскалот”, „Малешевска”, „Методија Патчев”
Изведувач на работите е фирмата „Изолација” ДОО Скопје, чии екипи треба да ги завршат активностите за околу 10 дена. Следната локација на која ќе се крпат ударните дупки е селото Драчево, по што ќе се работи и во останатите месни и урбани заедници низ целата општина каде е утврдена потреба од ваков градежен зафат.