Резиденцијалниот комплекс John Sowden Vila, познат под имињата Jaws House или Franklin House, е изграден во 1926 година во Лос Фелиз, област во Лос Анџелес.
Оваа спектакуларна вила во Лос Фелиз повторно е на пазарот за недвижности.
Нејзиниот сопственик John Sowden, бил сликар и фотограф, кој го ангажирал својот пријател Френк Лојд Рајт да му ја изгради вилата во Лос Фелиз. Оваа вила го носи насловот на едно од најдобрите ремек-дела на Лојд Рајт и е познато обележје на овој дел од градот. Објектот има импозантна предна фасада во стилот на Маите и елементи во стилот на будистичките храмови.
Оваа вила е позната по употребата на орнаментните бетонски блокови и по интересната фасада која потсетува на влезот во храм на Маите или на голема отворена уста од бела ајкула, во зависност од аголот на гледање.
Вилата зафаќа површина од околу 700 м2, и е базирана околу дворот кој комуницира со сите простори во овој дом. Прекрасно реновирана, денес таа е исполнета со модерни луксузни елементи, кои се во согласност со ремек-дело на самата архитектура.
Нејзината цена е пет милиони долари.