Во Барселона ќе се отвори музеј посветен на ликот и делото на американскиот филмски режисер Вуди Ален.
Режисерот на филмот „Вики Кристина Барселона“, Вуди Ален, ќе добие свој музеј во истоимениот град, во кој Ален ја сместил приказната на споменатиот филм во кој ги следевме „сплетките“ на „љубовниот четириаголник“ со Пенелопе Круз, Скарлет Јохансон, Ребека Хол и Хавиер Бардем.
Шпанскиот лист кој излегува на англиски јазик The Local откриле дека отворањето на музејот во чест на Вуди Ален, ќе биде спонзориран од страна на „Медиапро“, компанија која продуцирала бројни филмови на Ален вклучувајќи ги и „Вики Кристина Барселона“, „Полноќ во Париз“ (2011), „На Рим со љубов “ (2012).
Зградата што е предложена како место на музејот се вика La Llotja, и е објект од 17 век кој опфаќа повеќе од 2.000 метри квадратни на три ката. Во музејот ќе бидат сместени голем број на клучни факти и предмети од филмската кариера на Вуди Ален.