Почетна интервенција при реновирањето на административниот објект претставува отстранувањето на постоечката вертикална комуникација, со цел да се добие поголем корисен простор, креирајќи празнина која визуелно ги поврзува заедничките простории во приземјето со горните нивоа.
Новото скалиште има улога на фокална точка во атриумскиот простор. Изведено е на испрекршена метална конструкција завиена во светол фурнир која креира серија од мостови и различни пристапи кон катовите.
Широките коридори поттикнуваат на спонтана интеракција помеѓу вработените на различните корпорации.
Како средство за комуникација, скалиштето го обезбедува колективниот квалитет на објектот, дефинирајќи вертикално лоби, интерактивен канал кој примамува со различни погледи кон сите катови.