Насловна / Вести / IKEA планира да инвестира две милијарди евра во Русија

IKEA планира да инвестира две милијарди евра во Русија

ikea rusija

Шведскиот трговски ланец IKEA планира да инвестира две милијарди евра во развој и изградба на нови продавници во Русија до 2020 година.

„Бројот на оние што ги посетуваат продавниците на IKEA во минатата година порасна за два отсто, и покрај забавувањето на светската економија“, рече претставникот на IKEA, Џон Тегнер.

Тој напомена дека за  IKEA Русија е еден од најперспективните пазари, а освен во Русија за шведската компанија значајни се и пазарите во Кина, Шведска и Полска.

На глобално ниво, IKEA планира да вложи во наредните пет до седум години три милијарди евра во изградба на нови продавници, вклучително и инвестициите во Русија и Кина.

Испрати коментар

Scroll To Top