Фотографот Justin Bettman и стилистot Gozde Eker започнале интересна уметничка идеја, која вклучува елемент на изненадување за оние што се наоѓаат во близина на нивните улични инсталации. Тие на улиците поставуваат наместени сценографии од отфрлени предмети и мебел.
Овој забавен проект опфаќа дизајн на сценографија која потсетува на домашни ентериери: спални соби, дневни соби или бања. По направени сет на фотографии, тие ги оставаат овие инсталации на улиците на Њујорк, а идејата е да се изненадат минувачите и да го прифатат предизвикот на новата ситуација.