Лоцирана на брегот на езерото Капувар во Унгарија, оваа викенд куќа претставува иделно место за одмор. Приватната куќа е проектирана од архитектонското студио „Toth Project Architecture office“ и целосно е изработена од дрво. Волуменот на објектот е обликуван во форма на правоаголна школка која се отвора кон езерото и кон главниот пат на спротивната страна.
Програмата е диференцирана во два дела: затворен простор каде што се наоѓаат приватните соби, дневната просторија и кујната, и отворен дел кој ги содржи внатрешното двориште, трепезаријата и ѕидот што е направен од дрва за огрев.
На надворешната страна каде што е поставен стаклениот ѕид, механизирано платно се спушта до доле со цел да се регулира топлината во енериерот. Со вака спуштено платно се добива поинаква атмосфера, подеднакво и во ентериерот и во екстериерот.
Дрвени скали, вградени во рамките на стрмната топографија, водат од дворот на куќата до езерото.