Швајцарската компанија „Stadler Rail“, која се занимава со производство на возови, ја ангажирала компанијата ABB за реализација на проектот за енергетски ефикасни возови во Европа и САД. Компанијата ABB со опрема ќе ги снабдува возовите што се наменети за Калифорнија, Шпанија, Холандија и Данска. Опремата ќе овозможи претворање на електричната енергија од надземните електроенергетски водови до напонски нивоа кои се потребни за возовите, со значително подобрена ефикасност на трансформацијата.
Во средината на јануари годинава започна да сообраќа возот RhB, кој однадвор беше адаптиран според боите на компанијата ABB. Во текот на Светскиот економски форум во Давос, овој воз сообраќаше на релација Ландгарт-Давос. Инаку, компанијата BBC, која е претходник на компанијата ABB, ја произвела првата локомотива за RhB во 1913 година.