Компанијата „Apple“ неодамна објави дека купила земјиште од 36 илјади хектари шума со цел да ја заштити од нејзиниот иден развој. Земјиштето се наоѓа помеѓу Мејн и Северна Каролина во Америка, место за кое компанијата е сигурна дека ќе им овозможи самоодржлив извор за пакување на нивните призводи.
Компанијата „Apple“, исто така објави дека под нивно раководство во тек на изградба се две нови соларни фарми во Кина. Овие фарми се планира да произведуваат околу 80 милиони киловат часови годишно, напојувајќи ги локалните жители и бизнис центри со чиста енергија.
Со ваквата постапка „Apple“ прави обид да ги поттикне и другите големи бизниси во светот да размислуваат на ваков начин и во нивниот производствен процес да вклучат извори на одржливи суровини, како метод на „позеленување“ на нивните финални производи.