И порај тоа што луѓето најголем дел од времето го поминуваат во внатрешноста на домот, не смее да се занемари и надворешниот изглед на објектите како и уредувањето на отворените простори. Во овој серијал ви ги презентираме одличните решенија на архитектонскиот тим од московското архитектонско студио на Александра Федорова.
Првата од низата извонредни творби на овој архитектонски тим е една селска вила која се наоѓа во близина на рускиот приморски град Таганрог. Оваа куќа се одликува со релативно низок профил по вертикала и е вкопана со едната стана во брегот со мал наклон.
Изведена е главно користејќи ги природните материјали како стакло и камен.
Двете кровни тераси на прв поглед изгледаат небезбедни, но тоа е привидно, поради поставената стаклена ограда која е речиси незабележителна.
Малиот базен во дворот околу кој се развиваат двата дела на оваа куќа, на корисниците им овозможува одлична релаксација и мир во рамките на овој прекрасен дом.