Насловна / Вести / Соларен тротинет „e-floater“

Соларен тротинет „e-floater“

e-floater

Компаниите BASF и „Floatility“ конструираа ултралесен тротинет на соларна енергија „e-floater“. Тротинетот се состои од околу 80% композитни и пластични материјали, а тежок е скоро 12 килограми. Составен е од различни фиберглас компоненти кои овозможуваат издржливост и еластичност. Проектот „e-floater“ е реализиран во рамките на кампањата по повод 150 години од постоењето на компанијата BASF. Компанијата го имплеметира овој проект во соработка со своите партнери на следните теми: енергија, храна и живот во урбаните средини.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top