Насловна / Вести / Кампања за ослободување од електричниот отпад

Кампања за ослободување од електричниот отпад

Kitchen Appliance Garbage

„Старо донеси, ново однеси“ гласи мотото на новата едномесечна кампања на „Техномаркет“ и „Нула отпад“, преку која ќе се даваат вредносни ваучери за старите, нефункционални електронски и електрични апарати од домаќинствата. Кампањата е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема, според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место.

electronic_waste
„Со оваа кампања сакаме да дадеме придонес во зачувување на животната средина, овозможувајќи им на граѓаните да се ослободат од својот стар електричен и електронски отпад. За таа цел започнуваме со едномесечна кампања во која бесплатно ќе вршиме преземање на старите уреди, а истовремено и ќе подаруваме вредносни ваучери кои ќе може да се искористат во нашите салони. Како компанија чија примарна дејност е продажба на електрична и електронска опрема, свесни сме колку штета овој отпад може да предизвика и затоа отсекогаш сме биле одговорни во тој аспект, а кон нашата кампања се приклучија и познатите светски брендови Philips, Panasonic, Rowenta, Moulinex, Krups, Tefal, Bosch, Electrolux, NEO и Hansa, со тоа што на купувачите им нудат производи со супер еко цена. Се надеваме дека и граѓаните ќе нè поддржат во мисијата и ќе ја покажат својата грижа за животната средина“, изјави Александар Медарски, раководител на малопродажба во „Техномаркет“.
electronics-recycling

Испрати коментар

Scroll To Top