Насловна / Вести / Балконите во Центар се претвораат во билборди за ГТЦ

Балконите во Центар се претвораат во билборди за ГТЦ

balkoni gtc

Во пресрет на референдумот за ГТЦ во општина Центар, кој се одржува следната недела (26 април), „центарските балкони“ се користат како рекламен простор за промоција на референдумот и повик за гласање. Поддржувачите на референдумот на своите балкони или прозорци закачуваат платна со пораки и на креативен начин ги поттикнуваат гласачите на Центар на масовна излезност на првиот општински референдум. Пораките најчесто гласат „Излези за ГТЦ“ „Референдум ГТЦ  – 26 април“ „Гласај за ГТЦ“,  а платната се со различни големини и на некои тераси достигнуваат должина и до пет метри.balkoni gtc (2)

Од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ информираат дека се запознаени со акцијата и ја поддржуваат со тоа што нивните активсти ги изработуваат платната за оние граѓани кои сакаат да ги постават. Велат дека интересот е огромен и дека досега имаат поставено околу дваесетина платна, но бројот секој ден се зголемува.

„Заинтересираните граѓани можат да ни достават димензии за платното според големина на просторот каде сакаат да го закачат и ние ќе го изработиме. Сите што сакаат да помогнат може да ни ги пратат димензиите на нашата Фејсбук страница или да нè контактираат на е-маил“, велат од иницијативата. Нарачки за платно може да се направат и на главниот штанд на улица Македонија а од таму и се подигаат веќе изработените платна.

balkoni gtc (3)

Ваквиот герила маркетинг е карактеристичен за невладините организации и граѓански иницијативи кои најчесто не располагаат со големи буџети за кампањите па наоѓаат алтернативни начини за комуникација и испраќање на пораките. Ваквата реклама не само што е бесплатна туку е и многу ефективна. Според иницијаторите, платната до крајот на кампањата ќе ги имаат забележано речиси сите граѓани на Центар.

balkoni gtc (4) balkoni gtc (5)

Испрати коментар

Scroll To Top