Насловна / Архитектура / Станбени згради како станбени структури

Станбени згради како станбени структури

1 stanbena zgrada  od Ofis arh vo Ljubljana

Еволуција на станбени згради

Со развојот на идустријата и потребата за нови работни места, се развиваат градовите, се зголемуваат зоните за домување и сè повеќе се градат станбени згради со различни типови и височини, најчесто станбени блокови. Промената на типот на домување бараше други релации меѓу станарите, а тоа не се реализира и во заедничките станбени згради се живее без чувство за заедништво, со што основната поента на таквиот тип на домување не се реализира. 2 Stanbeni objekti od 3XN vo Kopenhagen

Станбени објекти од 3XN во Копенхаген

Дополнително, со процесот на транзиција се направи приватизација на станбениот фонд и заедничките станбени згради беа со множество станбени единици од различни сопственици, сплет од приватни волумени на станови во зграда која треба да функционира како единствен организам. Следеше изградба на станбени згради со различна архитектура, со стилови импортирани од разни страни. Различност како обележје на станбената архитектура, без соодветни иновативни солуции, без континуитет со традицијата. Додека скандинавскиот или јапонскиот станбен дизајн сè повеќе црпеа енергија од традицијата, во нашата средина станбениот дизајн сè повеќе се оддалечува од традиционалните вредности. Развојот на заеднчкото домување е изразен  во Скопје, особено после земјотресот, заради згрижување на населението и се реализираа станбени населби со заеднички градби со примена на униформниот приод со повторување на згради и станбени групации.

6 zgrada vo Pariz

Зграда во Париз

7 zgrada vo Meksiko

Зграда во Мексико

Следи процес на користење на рамните тераси на станбените згради со оформување на поткровја со различни завршетоци на зградите, како и процес на различен обем на доградби и надградби на станбените згради, кои севкупно предизвикаа менување на основните волуменски релации на станбените згради.

Општа карактеристика на состојбите со заедничкото домување е нискиот степен на одржување на станбените згради, како екстериерно така и ентериерно. Иако  станбените згради егзистираат над половина век, сè уште нема оптимален модел на управување и одржување на зградите. Потребата за реновирање на фасадите на станбените згради е добра прилика за вградување на содветни материјали и системи за енергетска ефикасност на зградите.

4 stanbena naselba vo Split

Станбени згради во Сплит

5 stanbena naselba vo Angola

Станбени згради во Ангола

Тенденции кај станбените згради

Кога се анализира третманот на станбените згради, се констатира процес на зголемување на нивниот волумен. Најбитен сегмент при лоцирање на станбената зграда е позицијата, обликот и големината на површината за градење (порано габарит) во рамки на локацијата, во која површина е можна изградба на зградата. Се согледуваат одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање од 1997 година и се компарираат со одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање од 2012 година. Во текот на 15-годишниот период се констатира тенденција за зголемување на волуменот на станбените згради низ следните параметри: зголемување на височината на зградите од максимално пропишаните 21 метар, до 31 метар (П+9+Пк); петпати зголемување на коефициентот на искористеност на земјиштето за станбени згради од 1,4 на 7,7; намалување на минималното растојание на соседни станбени згради од 6 метри (3 метри од граница на парцела) на 1,2 метри од граница на парцела; намалување на минималниот број на паркинг места за станбени згради од мин. 1,2 паркинг места за стан на 1 паркинг место на стан (што уште повеќе доведува до намалување на и така недоволниот паркинг простор за станбените згради и населби), што сумарно означува видно зголемување на станбениот волумен, со што се намалуваат оптималните релации на соседските објекти и се намалува изворниот квалитет на домувањето.

8 Blizina na objekti Debar Maalo 9 Blizina na objekti Debar Maalo

Близина на објекти во Дебар Маало

Сосотојбите укажуваат дека е потребно преоценување на стандардите, во насока на утврдување стандарди кои ќе обезбедат подобри услови за организирање на станбените згради, за поголем квалитет на живеење на населението. Стандардите во основа треба да се едноставни за примена при планирање, проектирање и градење на станбените згради (само за компарација: одредбите на стандардите за планирање од 1997 година имаа 21 член и се елаборирани на 2 страници, а стандардите од 2012 година имаат 86 членови и 2 прилога, елаборирани на 32 страници).

Целта е единствена: потребна е ефикасна примена на стандардите од страна на сите инволвирани во процесот на организирање на просторот, со поедноставно утврдени одредби, со крајна цел да се подобрат состојбите во трауматизираното урбано ткиво, а финалниот ефект треба да се сведе на утврдување на оптимален  волумен на станбената зграда и тоа доследно да се реализира на терен (без надградби, доградби и слични отстапувања од утврдениот волумен). Сите потребни елаборации во текот на планирањето (проценти, коефициенти и слични параметри) се во функција на примена на стандардите (и тоа е предмет на стручната ревизија) и единствено оптималниот волумен на станбената зграда треба да биде презентиран во планот и тие параметри треба да се применат на терен. Едноставност како израз на ефикасност. Идентификувана е иницијатива, се очекува соодветна активност.

13 Stanbena struktura vo  Portugalija

Станбена структура во Португалија

12 Habitat 67 vo  Montreal

„Хабитат 67“ во Монтреал

Неопходност за истражување

Со оглед на реалните состојби и тенденции на заедничкото домување, се наметнува потреба за примена на различни типови на станбени структури, со поголема доза на индивидуалност на станарите при обликување на станот, негова флексибилност, во рамки на динамичен организам на станбените структури третирани како архитектонски, структурни, еколошки и енергетски системи.  Потребата за истражување на модели на организирање заеднички станбени структури во конкретните просторни констелации е од извонредно значење за да се зголеми квалитетот во таквиот тип на домување.

Со задоволство се истакнува истражувањето реализирано на Архитектонскиот факултет во Скопје (од 1977 до 1979 година) кога се изработи научно истражување за станбена изградба во Македонија, во период кога имаше интензивна станбена изградба особено во Скопје (истражувањето се финансира од Заедница за научни дејности на СРМ и СИЗ за становање на СР Македонија), со истражувачки тим од 15 истражувачи. Тоа е позитивен пример за потенцирање на поврзаноста на науката и урбаната средина, поточно домувањето во станбени згради и  практиката, и дури е за гинисови рекорди фактот што во период од 35 години во Македонија не се реализира друго истражување за урбаната средина, а особено за домувањето како егзистенцијална потреба, кое има директно влијание врз квалитетот на живеењето на населението. Потребата од истражување е евидентна, особено во ситуација кога нивото на квалитетот на заедничкото домување има неповолни тенденции. Предизвикот е присутен.

10 Tipovi stanbeni strukturi  1 11 Tipovi stanbeni strukturi 2

Типови на станбени структури

При организирање на станбените згради потребно е постојано усогласување со современите тенденции на живеењето. Следи трансформација од станбени згради кон станбени структури, како системи со различно поврзување на станбените единици во групации. Нема урбанистички, архитектонски и обликувани модели кои се неменливи, туку има само суштинска потреба за современи станбени структури организирани во различни просторни, природни и општествени услови. И во тоа е предизвикот за архитектите, да креираат оптимална архитектура за хумано домување. Архитектите, преку своите истражувања и проекти, дизајнираат виртуелна иднина, а со реализација на нивните проекти се обликува реалната иднина. Вечен креативен предизвик доближувајќи ја виртуелноста и реалноста.

14 Urbana obnova na naselba vo  Moskva

Урбана обнова на населба во Москва

Несинхронизирана урбана изградба  

Во услови кога со урбанистичките планови е предвидена промена на типот на домување, од домување во семејни куќи во домување во станбени згради, се предвидува голема промена на конкретниот урбан простор (пример Дебар Маало во Скопје). Таква промена е ефикасна ако се врши едновремено, со урбани потези и ако сите локации на еден урбан модул се на еден сопственик.

Наместо воедначен и едновремен пристап, заради имотно правните состојби, раситнетите парцели и различни сопственици, се применува дисперзиран принцип на реализација, кој доведува да се третира населбата како големо градилиште, бидејќи реализацијата е несинхронизирана, на различни локалитети, а во основа се користи истата улична мрежа и иста инфраструктура, што доведува до неповолни состојби со функционирањето на тие сегменти. Се мултиплицира станбениот фонд со високи објекти, а останува истата и дури и влошена инфраструктура ако се има предвид состојбата со зголемениот број паркирани автомобили на истата улична мрежа, што доведува до натамошно намалување на квалитетот  на домувањето.

16 Eko struktura vo Singapur

Еко структура во Индија

Се работи за долг период на трасформација од семејни куќи кон станбени згради, со трауматични периоди на заградување, немање поглед, засенчени простори, голема близина на објектите, автомобилите се паркираат на тротоари и пешаците нема каде да се движат, нема вегетација и простор за деца, загаден водух и слични состојби и сумарно, во такви населби има драстично намалување на квалитетот на домување. Урбаната култура е на ниско ниво, со општ атак врз јавните простори, со заградување, прекумерна урбана опрема, со проширување на утврдените волумени на станбените згради.

15 Humana stanbena struktura vo Indija

Хумана станбена структура во Индија

 Процес на урбана обнова

Наместо целосна промена на концептот на домување и изградба на нови станбени згради на локалитети со семејни куќи, се промовира пристап со урбана обнова и ревитализација на старите делови на градовите, со што ќе се добие соодветна гутина на населност, внесување современа нифраструктура и оптимален сообраќај и современи станбени објекти. При урбана обнова се применуваат различни урбанистички и архитектонски мерки: уривање на постојни објекти и изградба на нови станбени објекти; изградба на нова или подобрување на постојна инфраструктура; дооформување на собраќајници со задржување на оформената сообраќајна мрежа; пренамена на делови или на цели објекти; надградба и доградба на постојни објекти; примена на конструктивни зајакнување и адаптација на внатешните содржини; примена на фасадни обликувања и редизајнирање, и ред други зафати во функција на зголемување на квалитетот на живеењето. Во еден ист локалитет можат да се применат еден или повеќе од наведените зафати во зависност од конкретната ситуација во станбената населба.

Активности за  зголемување на квалитетот на станбени структури:

–         при изработка на детални урбанистички планови да се организираат станбени населби со зголемување на квалитетот на домувањето и спроведување на планските решенија со примена на принципот на оптимален волумен на станбените згради;

–         креирање на различни просторни солуции на станбени структури, со промовирање на различно поврзување на станбените еднници, со акцент на квалитетот;

–         перманентно одржување, обновување и модернизирање на постојните станбени згради во станбените населби;

–         процес на урбана обнова на станбените населби, со предвидување и реализација на плански мерки, во функција на зголемување на  квалитетот на домувањето во целина;

–         почитување на архитектонската традицијата на станбената архитектура, со примена на идеите на традицијата во современа станбена архитектура;

–         активно вклучување на граѓаните при донесување на детални урбанистички планови каде се третира секој станбен објект, во функција на постојано зголемување на квалитетот на домувањето како цел на планирањето.

(Продолжува)

Испрати коментар

Scroll To Top