По повод огромниот број на туристи кои се очекуваат во Јужна Кореја за Зимските олимписки игри 2018 година, архитектонското студио Planning Korea Designs проектираше нов хотел со футуристички дизајн. Формата на објектот се извиткува создавајќи каскадни зелени тераси. Модерната фасада е надополнета со зеленило и различни видови градини, со цел да придонесат за хармонијата на гостите. Во волуменот на објктот, што потсетува на тобогани извиткани меѓу себе, сместени се вкупно 946 соби за престој.