10. Reichstag
Зградата на германскиот парламент е изградена во 1894 година, а проектант бил Paul Wallot, чија цел било овој објект визуелно да ги имитира ренесансните палати. По оштетувањето на овој објект во 1933 година, над него се вршени повеќе обновувања, за конечно во 1993 година да биде додадена и куполата што е проектирана од британскиот архитект Norman Foster. Оваа стаклена купола го симболизира обединувањето на Германија, а од нејзината внатрешност пружа одличен поглед на Берлин.
9. Зградата на конгресот на САД
Зградата на конгресот на САД, која се наоѓа на врвот на Капитол Хил, во Вашингтон, како таква почнала да функционира уште во 1800 година со одржувањето на првиот конгрес, и покрај тоа што во тој момент сè уште не била завршена. Првата купола ја изградил Charles Bulfinch во 1823 година, но поради експанзијата на конгресот, во средината на 19 век морало да се изгради нова, поголема купола. Во 1855 година старата конструкција е заменета со нова во т.н. облик на „свадбена торта“ со височина од 88 метри и распон од 29 метри. Осум години подоцна на врвот на оваа купола е поставена познатата бронзена скулптура наречена „Статуа на слободата“.
8. Куполата во Фиренца
Градбата на катедралата Santa Maria del Fiore започнала во далечната 1296 година, а поради комплексноста на објектот била завршена во 1436 година. Од тогаш оваа купола е еден од најубавите симболи на Фиренца, а во себе соджи готски и ренесансни елементи.
7. Пантеон
Римскиот Пантеон е изграден во 126 година како храм на римските богови, додека во седмиот век служел како римокатоличка црква. Врвот на Пантеон е украсен со купола која има средишен отвор, окулус. Речиси две илјади години после нејзината изградба, оваа славна купола и понатаму е најголемата купола на светот која е изградена од незајакнат бетон.
6. Имам џамија во Исфахан
Имам џамијата во иранскиот град Исфахан се смета за ремек-дело на периската архитектура. Нејзината убавина лежи во фасадната обработка на куполата со мозаик плочки. Тиркизната купола ги рефлектира сончевите зраци и така таа е видлива и од неколку километри оддалеченост.
5. Куполата на карпа
Позната и под името Храм над карпата и Златната купола, претставува една од најубавите исламски градби. Надворешноста на оваа купола е изведена од оплата и оловни рамки а потоа е и позлатена.
4. Базиликата Св. Петар
Базиликата Св. Петар во Ватикан се смета за најпозната и најзначајна христијанска градба во светот. Изградена е во 1626 година со елементи на ренесанса и барок. Висината од подот до врвот на крстот, кој се наоѓа на врвот на куполата, изнесува 136,5 метри и оваа купола се смета за најголема во светот.
3. Катедралата Св. Василиј во Москва
Московските куполи не се најголемите, но со сигурност се најшарените во светот. Славна по својата орнаментика и боите, оваа катедрала има девет куполи со лаковиден облик.
2. Аја Софија
Оваа градба несомнено претставува едно од најголемите достигнувања во историјата на човештвото. Изградена е за само пет години и тоа во периодот 532 – 537 година. Аја Софија изворно била катедрала, но во 15 век со доаѓањето на Османлиската империја, била пренаменета во џамија. Во 1935 година конечно е пренаменета во музеј и така останува до денешен ден. Добрата осветленост во внатрешноста ја овозможуваат 40 мали прозорчиња сместени во склоп на куполата. Распонот на куполата е 31 метар, со што своевремено го покривала најголемиот затворен простор на светот.
1. Таџ Махал
Најпознатата гробница на светот ја изградил Џахан Шах во 1653 година во чест на својата најдрага и никогаш непрежалена жена Мумтаз Махал. Величенствената градба се наоѓа во индискиот град Агра, а нејзиниот најспектакуларен дел е 35 метри високата купола која ја прекрива гробницата. Горниот дел е украсен со лотосови листови, а на самиот врв е поставена бронзена копјена вршка со мотиви од месечината. Таџ Махал во себе ги обединува елементите на персиската, индиската, исламската и турската архитектура, а во 1983 година станала споменик на културното наследство на УНЕСКО.