По барање на клиентот, да се искористи надворешниот простор и да се овозможат погледи кон околното езеро, архитектонското студио Lake Flato Architects проектираа современо решение на приватната вила.
Вилата се наоѓа сместена езерото Остин во Тексас. Предизвикот е решен со повеќе павилјонско решение. Павилјоните образоваат L-форма на основата која што успешно се вклопува во ограничувањата на околината. Програмата е сместена во еднокатен волумен на објектот, додека главната куќа која се наоѓа сместена меѓу дрвјата е двокатна. Надворешните покриени тремови и пешачките патеки совршено се вклопуваат во целокупниот дизајн. На западната страна под волуменот на куќата се протега базен во приватна сопственост на клиентот. Самиот објект е изработен од бетон надполнет со челични стобови и дрвени елементи.