Познатиот архитект Даниел Либескинд, на Саемот за мебел Милано 2015, се претставува со специфична инсталација наречена „Идните цвеќиња“. Инсталацијата е претставена преку геометриски форми во јака црвена боја и воедно ги обединува архитектурата, дизајнот, уметноста и естетиката.
Доминантен елемент од инсталацијата е бојата, за која Либескинд тврди дека е од суштинско значење и претставува неотуѓив дел од животот на човекот. Таа претставува клучен аспект во одржливиот дизајн, таа е основа на нашата благосостојба и удобност, односно ја претставува „душата“ на архитектурата.