Платформата Foodwe е отпочната во Белгија кон крајот на минатата година, со цел намалување на процентот на храна која завршува како отпад и овозможување на трговците да ја донираат или да ја продаваат по цени кои не надминуваат 60% од пазарната вредност.
Минатата недела пак, кампањата започна со работа на три јазици во Франција, Холандија, Англија, Ирска и Шкотска, а се планира ширење и во други земји.
Со оваа иницијатива се настојува да се намали количината на храна која се фрла а која е здравствено исправна, но за неа нема потрошувачи. Секоја година во ЕУ пропаѓаат околу 89 милиони тони храна, додека истовремено 16,9% од граѓаните живеат под линијата на сиромаштија.
Иницијатор за оваа платформа е Olivier Neufkens, 45 годишен претприемач од Белгија. Во проектот досега се вклучиле околу 150 компании. Само во Белгија од почекоток на оваа платформа се донирани 18 милиони тони храна.