Насловна / Вести / Калатрава – автор на новата православна црква на Менхетен

Калатрава – автор на новата православна црква на Менхетен

crkva-njujork1

Славниот шпански архитект Сантијаго Калатрава го потпишува новиот проект за нова православна црква која ќе се гради во рамките на Светскиот трговски центар во Њујорк во САД.

crkva-njujork3
Црквата ќе се гради во меморијалниот парк посветен на трагичниот настан од 2001 година, кога беа срушени двете кули близначки. Црквата „Свети Никола“ е инспирирана од славната Аја Софија или црквата Хора во Истанбул. Новата црква ќе биде изградена на местото на некогашен објект од 19 век, а кој бил срушен од остатоците на двете кули кои паднале на 11 септември пред 14 години.

crkva-njujork2
Но за разлика од класичната изградба на објекти од ваков карактер, односно класичен градежен материјал, новата црква „Свети Никола“ на Менхетен во Њујорк ќе биде од транспарентни материјали кои ќе дозволуваат сончевата светлина да поминува низ материјалот и да ја осветлува црквата внатре. Грчката православна црква, која е нарачател на проектот бара 20 милиони долари за реализација на изградбата на црквата.

Испрати коментар

Scroll To Top